Со најновиот македонски филм на Игор Иванов “Превртено“ се отвора овогодинешниот (28-ми по ред) и нтернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Главната локација на сите фестивалски случувања е Центарот за култура во Битола, каде и ќе се прикажува филмот “Превртено“. Пред ова, “Превртено“ имапе своја премиера на интернационалнтоѕ филмски фестивал во Карлови Вари, а од октомври 2007 година, филмот ја започнува својата турнеја на фестивалите во Валенсија, Котбус, Сао Паоло ...
И годинава, најреномираниот филмски фестивал во Македонија, ИФФК „Браќа Манаки“, ќе ги понуди веќе редовните фестивалски програми со најновите светски и домашни филмски остварувања, ќе биде домаќин на кинематографери и филмски автори од повеќе европски земји, ќе промовира, ќе прикажува, ќе биде центар на филмските случувања во Република Македонија, а со тоа само ќе допринесе за Битола да блесне во она светло кое и доликува како на град кој е колевка на културата во регионот.
|